Магазин

ВИДЕО: Отстранети „катанците на љубовта“ од парискиот „Мост на уметноста“

ВИДЕО: Отстранети „катанците на љубовта“ од парискиот „Мост на уметноста“

Катанците кои во знак на љубовта беа закачувани на Мостот на уметноста во Париз денеска се отстранети.

Градското собрание на Париз минатата недела најави дека катанците, што на оградата ги прицврстуваат вљубените како форма на завет, а потоа го фрлаат клучот во водите на Сена, трајно ќе бидат отстранети и ќе биде оневозможи ставање нови.

Надлежните беа загрижени од можноста дека тежината на толкавиот голем број катанци – проценките зборуваат за повеќе од половина милион – ја загрозува самата структура на историскиот мост.

– Нашите мостови повеќе не можат да ги издржат вашите изрази на љубов, па оставете ги на мир, порачаа властите.

Затоа тие покрената интернет кампања „lovewithoutlocks“ (љубов-без-катанци), во чии рамки вљубените се повикани на вечна љубов да се заветат со заедничко селфи, кое потоа ќе го објават на странциите на кампањата, наместо да прицврстуваат катанци на оградите на мостовите.

Досега завет за вечна љубов преку „lovewithoutlocks“ е дадена со објавени 638 селфи фотографии.