ВИДЕО: Ова е копилотот одговорен за смртта на 150 луѓе

Податоците од црната кутија покажуваат дека копилотот останал заклучен сам во кабината и дека „намерно го насочил леталото кон земјата“, изјавил главниот обвинител на Марсеј, Брис Робен.

2

-Копилотот не кажал ниту збор откако пилотот излегол од кабината излегол од кабината. Копилотот намерно одбивал да ја отвори вратата на пилотот. Ова не е несреќа, рекол обвинителот, додавајќи дека сето тоа се заклучува врз основа на снимката од последните 30 минути.

Патниците не биле свесни што се случува, заминале во смрт не знаејќи.

-Смртта настапила моментално. Авион удрил во планината со брзина од 700 километри на час. На самиот крај од снимката се слушаат извици, рекол Робен.

3

Копилотот, идентификуван како Андреас Лубик, германски дравјанин, го имал авионот под своја контрола откако капетанот излегол од кабината. Кога тропнал на вратата за повторно да велзе, копилотот не го пуштил. Го притиснал копчето и авионот го насочил директно во планината.

-Нормално дишел и изгледа воопшто не бил нервозен. Капетанот Патрик Сондерхејнер плачел и молел, но Лубик само молчел, раскажува Робен и наведува дека се знае дека Лубик бил жив се до моментот на ударот на авионот во планината – снимено е неговото дишење.

-Имаме снимка од разговорот последните половина час од летот. Копилотот и пилотот првите 20 минути разговаат потполно нормално, а потоа пилотот издал порака дека авионот н аскоро ќе слета во Дизелдорф. Во тие моменти капетанот го замолил копилотот да го преземе управувањето со авионот, а потоа се слуша туркање на седиштето кон вратата на кабината. Копилотот потоа започнал да го спушта авионот. Намерно? Секако тоа може да се направи автоматски…Во последните моменти на летот капетанот го моли копилотот да го пушти внатре, ги раскажува Робен потресните детали.

4

Меѓутоа, последните десет минути Лубиц не изустил ниту збор. Се слушало само неговото дишење.

За капетанот Патрик Сондерхејнер, исто така германски државјанин, се знае дека имал помеѓу 30 и 40 години, дека бил искусен пилот, како и дека 10 години работел за Луфтханза. Зад себе оставил две деца.

Што моментално се знае за човекот кој е одговорен за смртта на 150 луѓе? Имал 28 години, доаѓа од местото Монтбаур, а во кариерата имал 600 часови летање, што е ралтивно малк временски период.

-Не знаеме од која вера е… Но, мислиме дека тоа не е причина за неговиот чин. Исто така, не можеме да го поврземе со било која терористичка организација, наведува Робен.

На Фејсбук е веќе отворена група за поддршка на андреас Лубиц, кого го нарекуваат херој на ИД!

Неговите пријатели и колеги велат дека никогаш не покажувал знаци на депресија и дека минатата есен ја обновил лиценцата.

-Навистина добро му одеше, беше пресреќен поради работата во „Џерманвингс“ вели неговиот колега и член на летечкиот клуб Петер Рекер.

– Тој беше помалку тивок, но секогаш пријателски расположен, наведува тој.

Лубиц добил дозвола за летање во локалниот клуб уште како тинејџер и набрзо бил примен во пилотската школа на Луфтханза во Бремен.

-Тој беше потполно квалификуван за пилотирање со „Ербасот“, немам поим зошто го направил тоа. Само знам што направил… Тоа не е самоубиство. Кога ќе одведете во смрт 150 лица, тоа не би го нарекол самоубиство, вели Робен.

Германската полиција денес ги распореди своите сили пред куќата на Лубиц во Монтабаур, гратче во југозападна Германија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.