ВИДЕО: Ова е најбрзиот електричен автомобил во светот

Заборавете на Тесла, затоа што можеби нема да ви се верува, но најбрзиот електричен автомобил е заборавениот британски мини од 1970-тите.

Овој автомобил се нарекува Enfield 8000, а настанал во текот на 1970-тите како одговор на нафтената криза. Но наместо бензинец од 8 KS добил Li-ion  батерии од воениот хеликоптер Bell Super Cobra што служат за стартување на моторот. Батериите генерираат струја со јачина од 1.400 А и напон од 370 V, а ги придвижуваат истонасочните мотори задолжени за погнот на задни тркала.

Реставрацијата на Enfild траела цели 4 години, а зад проектот стои водителот на „Петта брзина“ (Fifth gear) Џони Смит. Максимумот што моторот во ова автомобилче од само 850 килограми може да го генерира изнесува неверојатни 588 kW и 1.267 Nm.

Ова 2, 8 метри долго автомобилче било произведено само во 120 примероци, а ова издание е дефинитивно најатркативно.