четврток, 20 јули 2017  |  Вести денес: 47

ВИДЕО: Ова е најдобрата британска песна на сите времиња

Ноел Галагер вели дека е мошне возбуден за тоа што најголемиот хит на групата Оејзис „Вондервол“ победи во изборот за најдобра британска песна на сите времиња.

oejzis

Поврзани вести

Ноел Галагер вели дека е мошне возбуден за тоа што најголемиот хит на групата Оејзис „Вондервол“ победи во изборот за најдобра британска песна на сите времиња.

Песната од 1995-тата година е избрана за најдобра песна на сите времиња во Британија од страна на слушателите на радиото „X“.

Што да кажам? Луѓето го кажаа своето. Многу сум возбуден. Ви благодарам што гласавте, рече Ноел Галагер.

Интересно, но и на второто, третото и четвртото место се најдоа уште две песни од оваа група и тоа : Don’t Look Back In Anger, Champagne Supernova и Live Forever.

На петтото место се најде I Am The Resurrection на Ролинг Стоунс, на шестото I Bet You Look Good On The Dancefloor на Арктик Манкис па „Heroes“ на Дејвид Боуви.

Инаку гласале над 50 илјади гласачи кои ги бирале топ 100-те омилени песни од британски изведувачи.

Да се потсетиме како звучеше сега веќе најдобрата британска песна на сите времиња.

Најчитани вести