ВИДЕО: Ова е најнеобично апсење

Необично апсење се случило во Австралија, вчера. Маж, по кој полицијата трагала со потерница, се обидел да избега со своето возило и тоа во океанот, во близина наградот Перт, јавуваат австралиските медиуми, пренесува Нетпрес.

Полицајците со автомобили го бркале осомничениот низ песочните дини цели два часа. На крај тој бегајќи од нив одлучил со своето возило да влезе во океанот и така да се спаси од апсење. Полицајците застанале и од брегот гледале како тој тоне во водата.

Осомничениот прво се обидел да се качи на покривот од возилото, но паднал во водата и почнал да бара помош.

Полицајците влегле во океанот, стигнале до него, го спасиле и го уапсиле.