среда, 22 март 2017  |  Вести денес: 45

ВИДЕО: Ова е најопасната плажа во светот

Плажата Махо на карипскиот остров Свети Мартин е една од најубавите локации во светот за набљудување на слетувањето на авионите.

plazza-maho

Поврзани вести

Плажата Махо на карипскиот остров Свети Мартин е една од најубавите локации во светот за набљудување на слетувањето на авионите.

Прочуениот Меѓународен аеродром Принцеза Јулијана е сместен покрај брегот, па на плажата секојдневно се собираат голем број луѓе за со камерите да го забележат нискиот лет на авионите и да направат некое селфи.

И покрај тоа што знакот на плажата предупредува дека воздушните струења од млазниот авион или елисите за време на полетувањето или слетувањето може да предизвикаат повреди, посетителите го игнорираат предупредувањето и го посматраат движењето на авионите.

За оние што се вистински зависници од адреналин најголемо задоволство им претставува качувањето на оградата, каде ги креваат воздушните струи.

Со оглед на тоа дека авионската писта е значително пократка од вообичаено и дека плажата е исполнета со луѓе, слетувањето претставува посебен предизвик за пилотите.

Во прилогот можете да видите како изгледа се затекнете на плажата во тој миг.

Најчитани вести