ВИДЕО: Ова е најотровното суштество на планетата

Географскиот конус полжав е едно од најотровните суштества на планетата.

Од 1670. година евидентирани се 36 човечки жртви.

Овој вид на полжави живеат во океанот, а имаат способност да продрат низ кое било нуркачко одело.

Растат и до 23 сантиметри и имаат низа на заби кои ги испалуваат на своите жртви, како и на предаторите.

Отровот на конусните полжави содржи стотина различни елементи, а неговиот точен систем варира од вид до вид. Секој отров цели на одреден нервен центар или рецептор. Некои полжави содржат и отров кој ја намалува болката, некои содржат отров со вознемирувачко дејство, додека некои содржат отров кои ги парализира жртвите.

Но, некои од токсините можат да бидат фатални за луѓето, а во повеќето случаи – противотров не постои.

Погледнете:

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.