ВИДЕО: Ова е најплатената актерка во светот, за која сигурно не сте чуле

Боливудската убавица Дипика Падуконе е најплатената актерка во светот за 2016 година, а во последната година таа заработила неверојатни 96 милиони долари.

Нејзиното име се најде на листата “People With Money”, која ги собира на едно место луѓето кои не заработуваат само со својата примарна професија, туку и со различните паметни инвестиции и вложувања.

bolivud1

Се проценува дека Падуконе е “тешка” вкупно 275 милиони долари, а богатството го има стекнато со вложувања во акции, недвижнини и договори кои ги има потпишано како заштитно лице на разни модни и козметички брендови.

bolivud2

Таа е сопственичка на ланец ресторани и фудбалски клуб, има свој парфем, како и модна линија. Покрај тоа, таа се појавува во низа боливудски филмови, а на Инстаграм има повеќе од 1,1 милиони следбеници.

bolivud4