ВИДЕО: Ова е најсреќниот несреќен човек на светот!

Смртта не му може ништо! Тој е само обичен 85-годишен пензиониран наставник по музичко образование. Живее во Хрватска, а се вика Фране Селак. Приказната за неговиот чудесен живот ја пренела и „Дискавери“, како и многу други светски медиуми. Тој секако не е импресиониран,бидејќи, во животот бил соочен со големи предизивици. Ова е приказната на најсреќниот човек на светот, кој последниве години го виде целиот свет.

Неговата неверојатна приказна започнува во 1962. Година, кога возот од Дубровник кон Сараево, во кој тој се возел, излетал од шините и завршил во река. Додека голем број патници се удавиле или починале од повредите со кои се здобиле при падот на возот, Фране со скршено рамо допливал до брегот и се спасил. Ова е само почетокот на се она што му се случило во наредните 40 години живот.

Најсреќниот несреќен човек кој некогаш живеел е називот на триминутниот анимиран филм кој е на ЈуТјуб. Милиони луѓе ширум планетава се запознале со неговата приказна.

-Американските немаат поим. Ми ставија бркови и измешаа се од мојата приказна. Може да се заработи голема сума пари, а јас живеам само од пензија. Барем да ми пратат по илјада долари, па да имам нешто од тоа, вели Селак, кој објаснува дека побарал правна помош и со сигурност ќе поднесе тужба.

Фране, чиј цел живот е испреплетен со неверојатни несреќи со среќен крај, напоменува деа во 2014. година имзл срцев удар поради кој одлежал во болница 18 дена. За екое чудо кога почнале да го стегаат градите се наоѓал во близина на болница. Дефинитивно неговата животна приказна може да се нарече чудо.

Фране има завршено музичка академија, воена, а и „цивилна“, а толку работи му се случиле што светските медиуми веќе не им го знаат бројот. Франо како професор по музичко често ги менувал градовите во кои работел па дел од животот го поминал во Модрич во БиХ. Школскиот излет во БиХ во 1957. година се претворил во кошмар за Фране и возачот Ахмет.

-Му благодарам на Бога што децата ги оставивме во Оџак, па во автобусот бевме само јас и возачот. Одевме кон Модрич со намера да се напиеме пијачка. На една кривина наместо десно, отидовме право, иако Ахмет го заврте воланот. Ја пробивме оградата и паднавме во реката Босна. За среќа, на тоа место реката не е длабока, па преживеавме. Се сеќавам на сцена како Ахмет и јас стоиме во река, а тој со рацете и понатаму го држи воланот. Имав неколку ситни гребаници, но поминав без никакви посериозни повреди, вели Франe.

Веќе наредната година Фране преживеал друга голема несреќа. Додека се возел во возот кој сообраќал на релација Дубровник-Сараево, огромна карпа паднала врз вагоните, кои на крај завршиле во студената Неретва. Водата започнала да навлегува во вагоните. Се возел со бабичка во упето. Некако успеал да го скрши прозорецот, а потоа успеал да се спаси носејќи ја со себе и бабичката. Успеале да испливаат на површина.

Кога во 1962. година неговата мајка тешко се разболела, тој одлучил од Загреб во Ријека да оди со авион. Прв пат во животот.

Секако дека дошло до неверојатна несреќа, во која повторно едвај извлекол жива глава. Кога авионот полетал, тој седел на самата опашка на леталото, покрај вратата за излез. Фране воочил една преубава стјуардеса. Тој го одврзал појасот, станал и разговарал со неа неколку минути, а потоа слушнале силен удар. По три дена се разбудил во шок соба во Клиника во Загреб и дознал што се случило.

-Ми раскажаа лекарите што се случило. Авионот удрил во планина. Преживеавме само јас и убавата Розика. По ударот на авионот во брдото, Розика излетала низ вратата за излез, а потоа воздухот и мене ме повлекол. Розика се заплеткала во дрва, а јас сум се забил во голем пласт сено. Истрагата востанови дека сум преживеал пад од 800 метри височина. Немав никакви скршеници ниту сериозни поврди, раскажува Селак.

По овој пад Фране и Розика биле во добри односи бидејќи верувале дека судбината ги споила.

Подоцна оваа несреќа некако паднала во сенка. Франe два пати во последен момент ја избегнал смртта возејќи се со својот автомобил. Во првиот случај возилото се запалило, а во вториот случај автомобиот се запалил, па експлодирал. Тој на време побегнал и повторно поминал без повреди. Потоа пред 19 години тој со својот автомобил удрил во камион на Унпрофор. Франe излетал од автомобилот.

И овој автомобил се запалил и експлодирал, а Фране бил спасен од пожарникарите и полицајците. Во април 2002. година Фране добил седумка на лото и освоил милион евра.

Со парите изградил капела посветена на Богородица, накоја и е благодарен за сите ситуации кои му го денеле назиот најсреќниот несреќен човек на светот.

Дванаесет години подоцна, додека го исчекува 85. Роденден признава дека живее од пензија која изнесува нешто повеќе од 400 евра. И додека се прашувате како успеал да потроши милион евра за 12 години, треба да знаете дека Фране признава дека нема трговски дух. На сите им позајмувал пари, купил 12 автомобили за пријателите, роднините и познаниците. На луѓето им купувал добиток и мебел, инструменти на музичарите. Една од поголемите инвестиции е куќата во Сена, која ја купил 120 илјади евра, а ја прода подоцна за 70 илјади евра.

Дополнителни два апартмани купил за 100 илјади евра, а кога сфатил дека воопшто немаат прозорци, ги продал за 30 илјади. И останува прашањето од почетокот на кое ниту Фране нема одговор: Дали тој е најсреќниот несреќен човек на светот?!