Магазин

ВИДЕО: Ова животно е видено само 58 пати во историјата!

ВИДЕО: Ова животно е видено само 58 пати во историјата!

Една од реткитe ајкули со голема уста е уловена во водите на јужна Јапонија, а станува збор за 58-от примерок на овој вид кој што човекот го видел!

Маса луѓе се собрале пред Музејот каде научниците ја сецирале женската ајкула, тешка околу 680 килограми.

Големоустата ајкула спаѓа меѓу видовите кои луѓето најретко имале прилика да ги видат. Овој вид е откриен во 1976 – та година, кога „една ајкула случајно се заплеткала во јажето на сидрото на брод на американската морнарица“.

Оттогаш луѓето ги гледале ширум светот. Познато е дека живеат во Индискиот океан, Пацификот и Атлантикот.