ВИДЕО: Ова место е едвај видливо, но кога ќе се приближите…

Доколку сте ја истражувале пустината Сахара преку сервисот „Гугл мап“, можеби сте успеале да забележите една мала точка која се наоѓа во Чад. Оваа точка е вистинско геолошко и зоолошко чудо.

Тоа е оазата која се наоѓа среде пустина и го носи името Дарчеи. Таа настанала кога подземната вода избила на површина и се формирало езеро.

Се наоѓа во североисточниот дел на Чад и е скриена во кањонот.

Голем број на камили доаѓаат овде за да се напијат вода, а езерото кое настанало е со длабочина од еден метар.

Во него живеат крокодили кои се хранат со риби, кои живеат од алги.