ВИДЕО: Овој бездомник ќе ве промени

На оваа видео снимка се гледа големината на човечкото срце. Хуманоста е онаа која го чини човекот голем, а светот поубаво место за живеење.

Погледнете како се покажа експериментот на три момчиња кои ги интересирало колку луѓето се подготвени да ја споделат хрната со оние кои се гладни.

Кого и да прашале за храна, сите ги одбивале. Потоа одлучиле да направат поразличен потег.

Двајца од момците купиле големи пици и им ги разделиле на бездомниците. Им рекле дека им е вишок. По некое време на еден од нив му пришло едно момче, кој го замолил за парче пица, а бездомникот без двоумење му дал.