ВИДЕО: Овој татко за малку ќе ги прегазел сопствените деца

Овој несреќен татко од Гуангде, кого кинеските медиуми го претставија како Сун, за малку ќе ги прегазел сопствените деца.

Тој сигурно се исплашил како никогаш дотогаш откако сфатил дека случајно со автомобилот ќе ги прегазел сопствените деца кои неколку мига пред тоа ги оставил пред градинката.

До несреќата дошло откако братот се наведнал за да и помогне на сестрата да ги врзе врвките, што таткото кој се наоѓал зад воланот не го забележал.

За среќа, иако било видно вознемирено, момчето веднаш се извлекло од под автомобилот без никакви телесни повреди, а лекарите подоцна утврдиле дека неговата сестра се здобила само со неколку гребнатини.