(ВИДЕО) Палестинците од Газа со минофрлачи го нападнаа Израел кој возврати со воздушни удари

Палестинските милитанти во вторникот го нападнаа Израел со досега најсилниот баражен оган од војната во Појасот Газа во 2014 година, а израелската војска одговори со дејство на борбени авиони, а овие судири биле извонредно жестоки по безредијата и насилствата коишто со седмици се одвиваат на границата меѓу палестинската енклава и еврејската држава.

Тројца израелски војници се ранети со шрапнели откако од Појасот Газа се истрелани повеќе десетици минофрлачки гранати и ракети, поради што на југот од Израел беше прогласена тревога. Возврати израелското воено воздухопловство со напад врз 30 цели на екстремните исламистички движења Хамас и Исламски џихад.

Засега нема податоци за евентуални настрадани и жртви на палестинската страна. Во војната на Хамас со Израел во летото 2014 година загинаа околу 2.200 Палестинци и уште речиси 11.000 беа ранети.

Израел повторно предупреди дека нема да трпи вакви напади и соопшти дека една од главните цели на неговиот напад бил прекуграничниот тунел кој бил во градења.

Претходно воените крила на Хамас, кој ја има власта во Појасот Газа, и на Исламски џихад, ја преземаа одговорноста за нападите, порачувајќи дека станува збор за одмазда за убиените Палестинци во безредијата на границата, чијшто број последните неколку седмици се искачи на 118, како и „ционистичката агресија против нашиот народ и нашите борци на отпорот“. „Бомбардирање за бомбардирање, крв за крв“, порача Хамас.

Израелскиот министер за разузнавачки прашања Израел Кац изјави дека земјата е на „најблиската точка до работ на војната“ од судирите со палестинските милитантни групации пред четири години.

„Доколку нападите од Газа не престана, ќе мораме да го заостриме нашиот одговор кој би можел да ја влоши ситуацијата“, предупреди министерот Кац.

Портпаролот на Исламски џихад, Дауд Шехаб, изјави дека е во контакт со египетски функционери за да се смири ситуацијата. Според него, Исламскиот џихад не сака ескалација на судирите и за острата зголемување на насилството го обвинува Израел.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.