ВИДЕО: Панда прв пат во животот виде снег!

Слатката панда Бао Бао вчера прв пат во животот виде снег!

Од зоолошката градина во Вашингтон објавија снимка на која се гледа како малата панда игра со снегот.

Пандата се воодушеви и се израдува, па така цело утро го помина валкајќи се во снегот заедно со својата мајка.