(ВИДЕО) Паника во авион: Имам ебола!

Педесет и четири годишен Американец предизвика паника во авион со 290 патници, откако на глас извикал „Имам ебола!“, известија медиумите во Доминиканската Република.

Тоа го направил среде летот од Филаделфија во Доминиканската Република, а авионот бил изолиран веднаш по слетувањето. Тим од лекари со специјални скафандери влегол во авионот и го изнеле патникот.

По спроведеното тестирање за смртоносниот вирус, се испоставило дека тој сепак не е заразен со ебола. Освен тоа, тој никогаш во својот живот не бил во Африка.

Патниците со мобилни телефони го снимале влезот на специјалните медицински тимови во авионот, а снимките стигнаа на интернет. Министерството за здравство на Доминиканската Република морало да ја смирува панката со соопштение дека во земјата нема пациент заболен од ебола.

Авиокомпанијата Ју-Ес Ервејс испрати извинување до патниците, а против патникот кој неумесно се пошегувал ќе бидат преземени мерки.