Свет

ВИДЕО: Папата во четиридневна посета на Филипините

ВИДЕО: Папата во четиридневна посета на Филипините

Поглаварот на Католичката црква, папата Франциско денеска допатува во четиридневна посета на Филипините, каде се претпоставува дека ќе биде остварен светски рекорд во посетеноста на една негова миса.

Папата ќе има средба и со претседателот на Филипините Бенињо Акино, а со клерот на влијателната Католичка црква ќе престојува и на островот Лејте. Според метеоролозите, на овој остров му се заканува налет на тајфун од средна јачина, но за сега не се најавува откажување на оваа посета.

Филипинската армија и полиција преседоа зголемени мерки за обезбедување на папата, а за негова безбедност ќе се грижат и стотина илјади волонтери, најмногу свештеници и учители.

Pope Francis waves to the crowd next to President Aquino upon his arrival at Villamor Air Base in Manila