ВИДЕО: Париз ја доби првата градоначалничка во историјата

Ан Идалго е првата градоначалничка на еден од најубавите градови во светот, градот на светлината со 2,2 милиони граѓани.

Ќерка на шпански доселеник, феминистка и дискретна членка на Социјалистичката партија, Ан е прватa градоначалничка на Париз која се приклучува на малиот клуб на жени  кои се лидери на главни градови.

Во трката за градоначалничката фотелја, противник и беше уште една жена, Натали Косјуско- Моризе. Ан освои победа со 54.5 отсто од гласовите.

Со победената на Ан, владејачките социјалисти во Франција претрпеа голема загуба на локалните избори, и се смета дека Социјалистите се погодени од растечко незадоволство на граѓаните околу економијата.