ВИДЕО: Пендаровски повторно ги навреди граѓаните

Претседателскиот кандидат на СДСМ кој претрпе убедлив пораз на изборите, Стево Пендаровски, повторно ги навреди македонските граѓани исто како и за време на кампањата за шеф на државата.

Пендаровски денеска имаше свое обраќање на трибината организирана од страна на здружената опозицијата, насловена како „Што да се прави за повторно освојување на слобода“ одржана во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Пендаровски во своето обраќање ги навреди македонските граѓани нарекувајќи ги корумпирани, односно актуелната власт ги корумпирала граѓаните и поради тоа ја добивала довербата на изборите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.