ВИДЕО: Пенкало за цртање „во воздух“

Доста ви е од цртање на обичен лист хартија? Со новиот „Ликс“ уред можете вашите уметнички перформанси да ги подигнете на сосема ново ниво.

Овој 3Д принтер ви овозможува да цртате по воздух користејќи стопена пластика, а единствена граница е вашата фантазија.

Ова во никој случај не е прво пенкало од овој вид, но лондонската фирма направила нешто што со својот облик личи на класичен прибор за цртање.

Доволно е да го споите со лап топот и создавањето уметнички дела може да почне. Сепак треба да се внимава на брзината на цртање бидејќи на пластиката и треба време за да се излади.

Цената на ова пенкало би требало да изнесува околу 140 долари.