ВИДЕО: Пешки од Пекинг кон Германија?

Кристоф Ријеџ планирал да оди пеш од Кина кон Германија, но по поминати 4.500 километри сфатил дека е време да го врати својот живот и да се откаже од мисијата.

Риејџ на 7 ноември 2007 година одлучил од Пекинг пеш да замине кон Германија. Тргнал и нижел километри, а на секои 30 до 45 километри застанувал и правел фотографија. Како што минувало времето неговиот изглед се менувал, а тој изгледал се позапуштено.

На патот се соочувал  со сосема прагматични и секојдневни проблеми и потреби од типот „Што ќе јаде, каде ќе спие“ и слично. Не го мачеле никакви метафизички проблеми и големи грижи.

После 4.500 километри, на 25 октомври 2008 година одлучил да застане во Урумги и ја прекинал долгата прошетка. Кога го прашале зошто одлучил да прекине, одговорил нешто што најверојатно би го рекле многумина.

 

„Сакав да го вратам својот живот. Морав повторно да ја преземам контрола врз себе“, рекол  тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.