ВИДЕО: Пет лица на Ургентен по големиот верижен судир кај Волково

Пет лица се пренесени на Ургентниот центар во Скопје по верижниот судир на обиколницата кај Волково на патот за Приштина.

Засега не е позната сериозноста на повредите со кои се здобиле овие пет лица. Според сознанијата, судирот се случил околу 8 часот утрово и во него учествувале 19 возила.

Причината за судирот, според првичните информации, најверојатно се влажните и лизгави коловози.