ВИДЕО: Петрушиќ го предвиде терористичкиот напад во Гошинце

Вчерашниот терористички напад во Зворник, БиХ е втор по ред изминатава недела на подрачјето на Балканот, по терористичкиот напад врз караулата во Гошинце. На овие акти им претходеа и двата напади врз објектот на Владата на Република Македонија.

Југослав Петрушиќ, кој вели работел во француската разузнавачка служба и дека бил на голем број задачи во повеќе држави, во емисијата „Во центар“ на Васко Ефтов пред нешто повеќе од два месеци предупреди дека Македонија и Србија ќе бидат мета на терористички акти во текот на годината.

Тој предвидува дека Македонија до крајот на 2015 година ќе има проблеми со тероризмот и додава дека овие напади ќе имаат за цел заплашување на сите етникуми кои живеат во земјава.

Оваа недела бевме сведоци на два терористички напади на подрачјето на Балканот, првиот во караулата во Гошинце, а вториот се случи вчера во Зворник, на територијата на Република Српска.

gosinceee500

Нападот во караулата во Гошинце за среќа мина без жртви, додека во вчерашниот терористички акт во Зворник дваесет и четиригодишниот Нердин Ибриќ, кој бил припадник на вехабистичко движење, извикувајќи „Алах е голем“ изврши напад врз полициска станица во кој е убиен еден полицаец, а двајца се ранети. Напаѓачот бил убиен за време на нападот од страна на полицијата.

zvornik

Наводно ова не е единствено предвидување на терористички напад од страна на Петрушиќ. Тој, на 7. јануари годинава, неколку часа пред терористичкиот напад во редакцијата на „Шарли ебдо“ му се јавил на новинарот Васко Ефтов за да договорат интервју, за кое тој побарал да биде на тема тероризам. Ефтов му рекол дека изминатиот период нема случувања од таа област, на што Петрушиќ му одговорил дека ќе има. Само два часа подоцна бил извршен масакрот во „Шарли ебдо“.

Дали станува збор за коинциденција или предвидувањата на Петрушиќ сепак „држат вода“ ќе покаже времето.

Целата емисија „Во центар“ со Васко Ефтов, во која пред два месеци гостуваше Југослав Петрушиќ можете да ја погледнете на следниот линк.