Видео: Петта победа во низа на Ливерпул

Фудбалерите на Ливерпул со три бода се враќаат од гостувањето кај Свонси откако синоќа на последниот натпревар од 29.коло остварија победа од 1:0.

По лошото прво полувреме на „црвените“ голманот на Ливерпул Симон Мињоле успеа да одбрани неколку удари на домашните.

Во вториот дел Ливерпул беше подобар ривал и во 68.минута со голот на Џордан Хендерсон ја обезбеди петтата победа во серија.

Ливерпул со трите бодови се зацврсти на петтото место, додека Свонси остана на деветтото место.

Табела: Челзи 64 бодови, Манчестер Сити 58, Арсенал 57, Манчестер Јунајтед 56, Ливерпул 54, Саутемптон 50, Тотенхем 50…