Магазин

ВИДЕО: Пица во филџан готова за две минути

ВИДЕО: Пица во филџан готова за две минути

Се што ќе ви треба за подготовка на овој специјалитет е еден филџан, лажица и состојки што сигурно веќе ги имате дома. Самиот процес на мешање на состојките ќе ви одземе една минута, а исто толку трае и печењето.

Состојки:

  • 4 лажици брашно
  • ¼ лажичка прашок за печиво
  • Прстофат сода бикарбона
  • ¼ лажичка сол
  • 3 лажици млеко
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица сос од домати
  • 1 преполна лажица рендан кашкавал
  • 5 ливчиња мини колбас
  • ½ лажичка мешавина од зачини (оригано, босилек, бибер или зачини по желба).

Подготовка:

Прво измешајте ги брашното, прашокот за печиво, содата и солта, па во тоа додадете млеко и масло и со вилушка измешајте се заедно додека да добиете тесто. Врз него ставете доматен сос, кашкавал, колбаси (или некој друг сувомесен производ) и ставете зачини.

Ставете во микробранова да се пече на една минута и 10 – 20 секунди или додека не забележите дека под филот се појавуваат меурчиња.

Деталното упатство погледнете го во приложеното видео: