ВИДЕО: Пилот се заглавил во тоалет за време на лет

Патниците кои летале од Минеаполис до Лас Вегас се соочиле со една неверојатна ситуација – пилотот се заглавил во тоалетот.

Меѓутоа тој успеал да ја исконтролира ситуацијата и со смирен тон да им објасни на вознемирените патници дека дошло до мал дефект на вратите на кабината, но дека копилотот безбедно ќе го спушти авионот на пистата.

Откако леталото безбедно слетало сите 168 патници со бурен и искрен аплауз го поздравиле копилотот, бидејќи никој од патниците и екипажот не е повреден во тек на принудното слетување.