ВИДЕО: Писмо на патничка од „Титаник“ продадено за 119 илјади фунти

Писмо кое го напишала патничка на бродот „Титаник“, само неколку часа пред да се случи големата катастрофа е продадено на аукција за 119 илјади фунти.

Писмото го купил анонимен колекционер, кој лицитирал преку телефон.

Патничката во втора класа Естер Харт, во писмото на своето семејство во Англија им напишала дека членовите на екипажот рекле „дека патувањето се одвива извонредно“. Нејзината седумгодишна ќерка Ева, додала на крајот „многу љубов и бакнежи на сите од Ева“. Само неколку часа подоцна бродот започнал да тоне, а една од жртвите е и Беџамин, сопругот на Естер.

Писмото било во џебот на палтото кое Бенџамин ѝ го дал на Естер за да ѝ биде топло кога ги ставал неа и нивната ќерка во чамецот за спасување.

Естер и Ева се спасени заедно со уште 700 патници.