Видео: По 20 години повторно отворен Паркот на смртта

Авантуристичкиот парк во Њу Џерси, во кој загинаа шест лица, а повредени биле повеќе од 100, повторно е отворено по 20 години.

Овој тематски парк, во кој спустот по тобоганите може да ви предизвикаат сериозни повреди, беше затворен во 1996 година по низа на тужби и медиумски критики.

Меѓутоа, видеото кое се појави на јутјуб под името „Налјудиот забавен парк на сите времиња“, ги инспирираше сопствениците повторно да го отворат.

Имало денови кога во паркот имало по десетина сериозни повреди, но за некое чудо, посетителите секогаш се враќале.

„Бев во паркот три пати кога имав 10 години, од кои два пати имам завршено во амбуланта. Првиот пат скршив ребро на лулашката на Тарзан, а вториот пат се спуштав низ падина во автомобил без кочници и паднав во канал“, вели еден поранешен посетител.

Иако новиот парк ќе биде за нијанса нешто побезбеден и понатаму ќе биде со бунтовнички дух. Во него ќе се служи алкохол, а ќе се продаваат и маици со натписот „Го преживеав акциониот парк“.