ВИДЕО: По 37 години еруптираше вулканот во Ел Салвадор

По 37 години еруптираше вулканот Чапарастика во Ел Салвадор.

Властите соопштија илјадници лица се евакуирани од област во источниот дел на Ел Салвадор, поради ерупција на вулканот Чапарастика.

„Не сме сигурни дали ќе има нови ерупции, но не можеме да ја исклучиме таа можност“, изјавил претседателот Маурицио Фунес, пренесе Си-Ен-Ен. Тој им порача на граѓаните да останат во засолништата.

Две лица се хоспитализирани поради респираторни проблеми, но засега нема извештаи дека некој е сериозно повреден во ерупцијата на вулканот.

Регионалната цивилна заштита соопшти дека ги презела сите мерки, со цел населението безбедно да биде евакуирано. Аеродромот е затворен, а авионите се пренасочени.