ВИДЕО: По Пендаровски и Фрчковски нов скандалозен говор на омраза и навреди

По изјавите на Стево Пендаровски и Љубомир Фрчковски, кои беа претседателски кандидати, полни со омраза и навреди, нов скандал, нов говор полн со омраза. Скандалозните изјави полни со говор на омраза очигледно е дека стануваат секојдневие во редовите на опозициската СДСМ и нивните поддржувачи, пишува Курир.

Откако Пендаровски ги нарече граѓаните стока, а навреди беа искажани и од Фрчковски, нивните поддржувачи, следејќи го примерот по кој се навредува продолжија со скандалозните говори.

Непознат говорник на импровизирана бина пред Владата велејќи “г**нари и небањати кои се бањаат еднаш годишно”, упати навреди до лицата од Владата.

На овој начин опозицијата и нејзините поддржувачи директно упатија нов аршин навреди и кон 500.000 граѓани на Македонија кои на последните избори и ја дадоа поддршката на актуелната Влада.