ВИДЕО: По речиси 50 години астронаутите открија што слушнале на Месечината

Членовите на екипажот на ракетата „Аполо 10“, кои беа на Месечината во делечната 1969 година, дури сега открија што слушнале таму.

Астронаутите долго време не сакаа да зборваат за тоа што го слушнале, но потврдија дека „таму горе се случува нешто чудно“. Тие слушале музика од радио станици, а снимките наводно содржат и вонземски звуци, објави „Хафингтон Пост“.

Кога во 1969 година летале во близина на Месечината тие изгубиле контакт со Земјата на еден час. Тогаш јавноста ја информираа дека мисијата минала успешно, но речиси 50 години подоцна или поточно 47, објавени се некои од наведените снимки, како и изјава на еден од астронаутите. – Звучи како вселенска музика. Го слушаш ли ти тоа? Звуци како свиркање, секако необична музика, вели астронаутот на снимката.

– Екипажот на „Аполо 10“ навикна на такви звуци. Логиката ми вели дека доколку нешто е снимено, тогаш нешто и имало таму, изјави Ал Ворден, астронаут од мисијата „Аполо 15“, кој вели дека го итересира што навистина се случило.

– Ако се наоѓаш зад Месечината, кога патот до Земјата е блокиран и слушаш необични звуци на радио, тогаш се прашуваш за што би можело да се работи, додава Ворден.

До 2008 година информациите за мисиите на НАСА беа архивирани и чувани во тајност. Наводно, постојат и слични случаи кога астронаутите слушнале и виделе необични појави во Вселената, но случајот со „Аполо 10“ е посебно интересен, затоа што посоти и аудио снимка.