ВИДЕО: Почина „Човекот дрво“

Диди Косвара од Индонезија, познат како „Човекот дрво”, почина по долгата борба со ретката и неизлечива болест.

Косвара (42) боледуваше од Левандовски-Луц дисплазија која предизвикува неконтролирани инфекции и брадавици. Поради оваа болест неговото тело беше прекриено со израстоци кои ги прекриваа неговите екстремитети, му ја трошеа енергијата и му ги ограничуваа движењата, а тежеле близу шест килограми.

Деде на крајот почина, а не ја оствари својата желба да се излекува и да се врати на неговата работа како столар со која некогаш се занимавал. Мистериозното заболување го чинеше брак, кариера и независност. Просејќи на улица, тој се вработил во патувачки циркус. Излегувал пред љубопитните гледачи како „Човекот дрво“.

Прекарот го добил поради израстоците кои наликуваат на кора од дрво, а како последица на болеста добил и хепатитис и пореметување на црниот дроб. Еден од докторите го искоментира неговиот тежок живот со зборовите како Деде го напуштил духот и дека му било тешко поради сите навреди со кои се соочувал секојдневно.

Неговата сестра изјави дека Деде на крајот на животот повеќе не можел самостојно да се храни, но дека сепак никогаш не ја изгубил вербата во пронаоѓање на лекот.

Сакаше да заздрави наспроти болеста. Се носеше со болеста иако го трпеше презирот на луѓето кои го сметаа за проклет. Сакаше да се врати на работата како столар, а пушеше и цигари за да му помине денот, вели таа.

Првата операција ја имал во 1996 година, после што бил хоспитализиран 16 месеци и потоа пуштен дома бидејќи докторите не знаеле како да му помогнат. Поради тешката болест Деде беше предмет на неколку документарци, а во 2008 година израстоците му беа хируршки отстранети. Иако операцијата изгледала успешно, израстоците за жал повторно се вратиле.