среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 45

ВИДЕО: Почина „тренерот на Роки“

ROKI

Последни вести

Амекриканскиот актер Тони Бартон, кој се прослави со улогите во филмскиот серијал „Роки“, почина во 78-та година од животот.

Неговата сестра Лорета Кели во изјава за американските медиуми нагласи дека Тони „само се струполил“ и починал.

– Не можеше да му се помогне, додаде Кели.

Таа соопшти дека последниве години Бартон повеќепати бил на испитувања во болница поради тоа што се жалел на здрваствени проблеми, но лекарите не можела да му утврдат дијагноза.

Поради здравствените проблеми, Бартон не се појави ниту на премиерата на филмот „Creed“, кој претставува продолжение на серијалот за Роки и годинава е номиниран за Оскар.

Тони Бартон е еден од четворицата актери кои настапија во сите четири претходни филма за Роки, каде го толкуваше ликот на неговиот тренер Дјук. Инаку, Роки во сите продолженија го играше Силветер Сталоне.

Најчитани вести