среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 38

ВИДЕО: Почна продажбата на парцели за проектот „Купи куќа за млади“ во Штип

Во Штип започна продажбата на парцели за проектот „Купи куќа за млади“. Ова беше истакнато при вчерашната посета на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на општина Штип. Во една типска населба 34 плацеви веќе се ставени на продажба и младите од Штип веќе можат да аплицираат за истите а се подготвуваат плацеви на 4 различни локации за овој проект.

ilco-gruevski-640x301

Поврзани вести

Во Штип започна продажбата на парцели за проектот „Купи куќа за млади“. Ова беше истакнато при вчерашната посета на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на општина Штип. Во една типска населба 34 плацеви веќе се ставени на продажба и младите од Штип веќе можат да аплицираат за истите а се подготвуваат плацеви на 4 различни локации за овој проект.

Покрај оваа типска населба, во Штип има уште три, што значи дека вкупно 4 типски населби ќе бидат на располагање за овој проект.

Во рамки на владиниот проект како што му посочи градоначалникот Илчо Захариев на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, планирани се плацови во населбите „Дузлак“ и „Баби“, како и кај „Три Чешми“ кон црквата „Св.Илија“ на излезот кон Струмица и Радовиш.

Нагласувајќи оти интересот на младите за овој проект е голем, Захариев информира дека веќе е распишан прв оглас за продажна на 34 плаца во населбата „Дузлак“, додека кај „Три Чешми“ за оваа намена се проектирани 105 плаца, со комплетна инфраструктура. Со околу 600 плаца, појаснуваше на средбата со Груевски градоначалникот на Штип, ќе биде и делот кај кај „Три Чешми“ кон црквата „Св.Илија“ на излезот кон Струмица и Радовиш.

Дополнително радува фактот што интерес за овој проект во Штип искажуваат и странските компании кои работат во Штип и кои сериозно ги разгледуваат можностите за изградба на куќи за своите вработени во непосредна близина на капацитетите.

Инаку, досега во рамки на овој проект се одобрени 18 апликации.

Досега одобрени се вкупно 18 апликации, од кои 16 се за изградба на нова куќа а 2 се за доградба/надградба на куќа, од кои 17 се за моделот „субвенција на ратата“, а 1 е за моделот „субвенција на учеството“. Од овие 18 одобрени барања се субвенционирани станбени кредити во вкупен износ од 609.002 евра за кои вкупно одобрените субвенции за двата модела изнесуваат 382.351 евро, рече Груевски на работниот состанок со градоначалниците одржан на 14-ти јули.

По општини, рече Груевски во Илинден се одобрени 4 барања, Кисела Вода и Кочани по 2 барања, додека Ѓорче Петров, Карпош, Сопиште, Свети Николе, Радовиш, Македонска Каменица, Кавадарци, Гевгелија, Прилеп и Струга по 1 барање.

Покрај овие одобрени барања во банките во фаза на разгледување се околу 80 барања кои треба во наредниот период да се обработат а паралелно со тоа ние треба да продолжиме со работа на дефинирање на нови парцели за овој проект во општините, да работиме на процесот на изработка на урбанистичката документација за што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ помагаме при изработката на детални урбанистички планови и нивно финансирање а ќе помагаме онака како што најавивме и трошоците на општините за градба на водовод, канализација и пат, рече Груевски.

Најчитани вести