ВИДЕО: Подгответе вкусен компир на шведски начин

Подгответе вкусен компир на шведски начин. Компирот, секогаш е добредојден на нашата трпеза. Овој најнов начин на подготовка го осмислија Швеѓаните.

Идејата е компирот да се исече на парчиња, а притоа секој дел да се исполни со омилената состојка, сланина, риба или нешто трето.

Подготовка:

  • Изберете компири со средна големина и тенка кора;
  • Кората немојте да ја лупите, туку добро измиете го компирот;
  • Исечете го тенкиот горен слој за компирот да стои рамно на подлогата;
  • Ставете на даска и сечете на тенки кругчиња;
  • Ставете малку масло за јадење или маст така што ќе се исполни секој дел и посолете;
  • Ставете го компирот да се пече на 180 степени околу 45 минути до 1 час.

За побогат вкус пред крајот на печењето, додадете сланина или малку рендано сирење.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.