ВИДЕО: Подновете ги старите саксии со лак за нокти и вода

Ако сакате вашите стари саксии повторно да заблескаат еве едно решение! Ова е еден ефтин и мошне занимлив проект, за кој што нема да ви бидат потребни многу пари, а ниту многу труд!

Саксијата бојадисајте ја во бела боја. Во сад со вода ставете лак за нокти. По желба можете да додадете и разни бои на лакови за нокти. Мошне едноставно. Полека ставете ја саксијата во течноста и ќе видете како вашата саксија се претвора во несекојдневен уметнички сад за цвеќе.