ВИДЕО: Погледнете што остава “бесната” Морава зад себе!

На снимката која се појавила на Јутјуб, се гледаат последиците од поплавата предизвикана од излевањето на Јужна Морава кај Предејане.

Помошник началникот на Секторот за вонредни ситуации при Министерството за внатрешни работи на Србија, Бојан Томиќ, изјавил дека интензивно се работи на санација на штетата која поплавите ја направиле на југот на Србија, како и тоа дека не се очекува повторување на слично сценарио.

“Сите мостови кои беа во опасност, повеќе не се, следи санација на неколку помали места, а ќе дојде и до намалување на водостојот на Јужна Морава”, рекол Томиќ за RTS.

Како што објаснил, никој во Предејане, каде што се излила Јужна Морава, не е загрозен, а граѓаните ги добиваат неопходните производи.

Според неговите зборови, по поплавите кои се случиле во Босилеград, екипите се на терен за да ја санираат штетата.

На снимката која се појавила на Јутјуб, се гледаат последиците од поплавата предизвикана од излевањето на Јужна Морава кај Предејане.

“Ние ќе работиме на санкционирање на оние кои ќе фрлаат ѓубре, но мораме сите заедно да работиме во едукацијата во таа област”, навел Томиќ.

Поплавите, како што оценил министерот за вонредни ситуации, Велимир Илиќ, направиле голема штета во Босилеград, Врањска Бања, Сурдулица и во Грделица, пишува српски Telegraf.

Еве како било во селата Прекодолце и Житораде, каде што водата направила огромна штета.


 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.