ВИДЕО: Полицаец главна танцувачка атракција на уличен фестивал

Полицаец задолжен за безбедноста на уличен фестивал во Белфаст, Ирска, станал главна атракција, кога почнал со група тинејџери т.н. танц предизвик.

Уличната забава „Titanic Maritime Festival“, која ја организира градот Белфаст е исполнета со театарски изведби на улица, музика во живо, танцувачки групи и други активности.

Додека вчера група тинејџери танцувале на хитот на Џастин Тимберлејк „Can’t stop the feeling“, неочекувано им се придружил еден очигледно одлично расположен полицаец, задолжен за безбедноста и со нив почнал танц предизвик.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.