ВИДЕО: Полицајци на коњи газеа луѓе во Шведска

Најмалку десет лица се повредени при антинацистички протести во Малме, Шведска, кога полицајци на коњи влетаа меѓу демонстрантите.

На демонстрациите учествувале повеќе од 2.000 лица кои протестирале против неонацистичката Партија на Швеѓаните.

2

Протестот набрзо станал насилен, а активистите ги нападнале полицајците и коњите, па полицијата во обид да ги растера демонстрантите со пол галоп влетала меѓу нив.

Полицаец на коњ прегазил еден од демонстрантите, а според тврдењето на очевидвите подоцна се вратил назад и уште една поминал врз него додека тој повреден лежел на улица. Полицијката потврдила дека пет лица се пренесени во болница, а еден човек бил полесно повреден откако го прегазил полициско комбе.