ВИДЕО: Полицајци во Лос Анџелес убија бездомник

Тројца полицајци во Лос Анџелес убија бездомник во борбата околу пиштолот, а еден случаен минувач сето тоа го снимил и ја објавил снимката на Фејсбук.

Полицијата соопшти дека снимката што кружи на социјалните мрежи ќе биде употребена во полициската истрага.

Командирот на полицијата Ендрју Смит изјавил дека полицајците пукале во човекот додека се бореле околу оружјето на еден од нив, откако електричниот шокер не работел. Полицајците дошле на местото на инцидентот откако бил пријавен грабеж, пренесува АП.

На видео снимката се гледа како четворица полицајци се борат со еден маж. Во еден миг се слуша зборот „пиштол“, а потоа следи звук од околу пет истрели.