Видео: Полицијата изрешета уште едно момче во Фергусон

Уште едно убиство се случило во Фергусон по само 10 дена откако се случи  убиството  на тинејџерот Мајкл Браун.

Убиството на Браун предизвика бројни немири на расна основа во тој дел од градот.

Протестите кои секојдневно се организираа беа оценети како насилни, а полициското делување како  агресивно и нетолерантно, со  брутални апсења на граѓани и новинари.

Се претпоставува дека новото убиство на 25-годишниот Кајиемеа Повел ќе донесе нови немири и можна ескалација на ситуацијата.