22.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

(ВИДЕО) Полицијата со солзавец спречи тепачка меѓу Грци и Македонци на протест во Мелбурн

Грчка организација во Мелбурн во саботата организираше протест под мотото „Не за продажба на името Македонија, Македонија секогаш ќе биде грчка“.

На протестот со транспаренти и грчки знамиња, се извикувало „Македонија е грчка“, „Скопјани“, а учествувале повеќе од две илјади луѓе.

Протестите се одржале во центарот на Малбурн, кога дошло прво до вербална пресметка на учесници на демонстрациите и група Македонци кои, облечени во маици со македонски национални обележја, седеле на кафе во близина на грчкиот конзулат.

Потоа дошло и до физичка пресметка, по што интервенирала полицијата која употребила и солзавец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.