Македонија,Крими хроника

ВИДЕО: Полициски службеници уапсени за примање поткуп

ВИДЕО: Полициски службеници уапсени за примање поткуп

Тројца полициски службеници на  возраст од 33 до 40 години, вработени во СВР Скопје, од кои двајца како инспектори и еден началник, се осомничени за кривично дело „Примање поткуп“

 

Според полициски сознанија, пријавените, во својство на полициски службеници, во периодот од 26 минатиот месец до 19 овој месец, во рамките на своите службени овластувања примале поткуп во вредност од 2.000 евра. Во случај на кривично дело „убиство“, извршено над лицето Ибраим И., директно и индиректно побарале и примиле поткуп,  за да извршат службено дејствие што морале да го извршат (да го известат Јавниот обвинител со поднесок од преземените мерки од кривично правниот настан случен на 26 месецов.
Поткупот го примиле од оштетениот кој во текот на вчерашниот ден им ги исплатил парите во непосредна близина на Полициска станица „Гази Баба“.

 

Оштетениот, кој бил близок роднина на убиениот Исмаили И., од лице место подигнал предмети на убиениот (пиштол), со што е нарушен увидот во настанот. За тоа бил поднесен посебен извештај до надлежниот Јавен обвинител, а осомничените почнале да го бараат и да му се закануваат дека ќе му поднесат и кривична пријава доколку не им исплати поголема сума на пари.

 

Пред десетина дена оштетениот, одлучил да го пријави случајот во полиција. Вчера, двајцата пријавени инспектори од оштетениот на средба во населбата Автокоманда ги примиле крим-технички обработените пари, по што со автомобил, сопственост на еден од нив, се упатиле во населбата Чаир. Таму направиле обид за раситнување на парите, при што се фатени со обработените банкноти и веднаш  лишени од слобода.