ВИДЕО: Поп на клоци избрка трубачи од свадба

ВИДЕО: Поп избрка трубачи од свадба

Речиси нема свадба од регионов која поминала без трубачи, но таа традиција очигледно не му се допаѓа на попот од ова видео кој тоа јасно го покажа.

Интересното видео на ЈуТјуб го објавил корисникот Влада Крстиќ.

На снимката може да се види како попот излегува од црква и ги брка свирачите и тоа така што еден од свирачите дури и го удира со нога.

Се уште не е познато каде се случил инцидентот. Интересно е тоа што попот решил да ги избрка свирачите токму во моментот кога младоженецот решил да ги почести.