ВИДЕО: Поплавен паркот кај „Билјанини извори“ во Охрид

Паркот околу скулптурата на Билјана кај „Билјанини Извори“ во Охрид е поплавен, нивото на водата е покачено, целосно е прекриен со вода тревникот, а водата се излева преку пешачката патека и паркингот од ресторанот во каналот Студенчишта, објави „Охрид 1“.

Водата ги има прекриено и пешачките дрвени мостови преку кои се поминува преку водотеците низ паркот.