ВИДЕО: Поплави во Кина – поројните дождови „рушат“ се пред себе

Во текот на вчерашниот ден Кина беше погодена ос поројни дождови, кои предизвикаа сериозни оштетувања во инфраструктурата а сообраќајот беше во прекин во поголем број градови и региони, објави Си Си Ти Ви.

Во областа Јингшан во централната кинеска провинција Хубеи, поројните дождови поплавија голем број обработливи површини и населени места. Куќа, која се наоѓа во близина на река беше целосно „проголтана“ од надојдените води.

Поројните дождови исто така предизвикаа лизгање на земјиштето, поради што повеќе патишта беа затворени.

Празен товарен брод беше заглавен под еден од мостовите во градот Шангзу, поради надојдените води што беа над нормалата.

Спасувачките тимови морале да внесат одредени количества вода во самиот брод, за да направат да потоне и да го извлечат.