ВИДЕО: Поради поплавите – локален паб пренаменет во операциона сала

Доктор во Стејнес, Велика Британија пренаменил дел од локален паб во соба за консултации откако неговата операциона сала е зафатена од големите поплави.

Доктор Џон Питард вели дека би можел да се навикне на погледот во неговата нова работна средина.

Докторот вели дека изгледа и неговите пациенти уживаат во новите услови додавајќи дека ако не им се допадне тоа што ќе им го каже веднаш може да си нарачаат виски.

Надојдените води во Британија изминативе неколку дена предизикаа огромни проблеми особено во областите Бершкир, Сари и Сомерсет. Поплавите вчера ја зедоа и првата жртва, десетици илјади се евакуирани поради поплавени домови, а голем број се без напојување со електрична енергија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.