ВИДЕО: Поројните дождови направија хаос во Атина

Поројните дождови предизвикаа поплави и направија хаос во Атина. Водата носела автомобили, а куќите и останатите објекти биле преполни со вода.

Пожарникарите изјавиле дека од двесте куќи и канцеларии испумпувале вода висока и до еден метар.

Дождови и ниски температури во Грција се очекуваат и за време на викендот, а на северот ќе има и снег.