ВИДЕО: Портпаролот на Стејт Департментот прсна од смеење откако најави дека ќе оддржи лекција по транспарентност

Заменик портпаролот на Стејт Департментот во САД буквално прсна од смеа на прашањето за транспарентност и демократија за време на официјална прес конференција во четвртокот, пренесува „Раша Тудеј“.

Добредојдовте во Стејт Департментот. Мислам дека имаме некои стажанти одзади. Добредојдовте. Добро е што ве гледам на оваа вежба по транспарентност и демократија, рече портпаролот пред да почне да се смее.

Извинете немав намера да се смејам, додаде Тонер откако успеа да дојде при себе си…

Подоцна за време на брифингот Тонер избегнал да даде одговор на прашањето за неодамна објавениот трансфер од 400 милиони долари од САД за Иран во истиот ден во јануари кога четворица Американци беа ослободени од Техеран.

Ние вообичаено немаме пракса јавно да ги коментираме деталите за вакви трансакции, како за плаќања за престој. Ние нормално воопшто не ги идентификуваме ниту страните што се вклучени и тоа е така поради доверливата природа на овие трансакции, рече тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.