ВИДЕО: Португалија победник на Евровизија 2017

Португалија е победник на овогодинешната Евровизија која се одржа во Киев, Украина. Со 758 поени 27 годишниот Салвадор Собрал со песната „Amar Pelos Dois“ ги освои симпатиите на Европа и на својата земја и ја донесе првата евровизиска победа. Португалија е земја со најдолг стаж како натпреварувач, но досега никогаш го нема освоено ова музичко натпреварување.

За време на својот настап младиот Салвадор, кој важеше за еден од фаворитите, предизвика огромни овации кај публиката. Песната со која тој ја претстави својата земја е напишана од неговата сестра. Својот билет во финалето тој го обезбеди по првата полуфинална вечер.

Во финалето се натпреваруваа 26 земји. Истото го отвори Израел, по што на сцената следува Полска, Белорусија, Австрија, Ерменија, Холандија, Молдавија, Унгарија, Италија, Данска, Португалија, Азербејџан, Хрватска, Австралија, Грција, Шпанија, Норвешка, Велика Британија, Кипар, Романија, Германија, Украина, Белгија, Шведска, Бугарија и Франција.